Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тирана протера двајца ирански дипломати - имаат рок од 72 часа да си заминат

Тирана протера двајца ирански дипломати - имаат рок од 72 часа да си заминат

Oфицијална Тирана прогласи за непожелни двајца ирански дипломати. 

Албанија треба да ја напуштат во рок од 72 часа.

Ова го потврди овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај. Тие биле запознаени со иранскиот план за напад на американски амбасади, поради што и САД во воздушен напад го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Цакај, на својот профил на Фејсбук напиша дека за непожелни се прогласени Мохамад Али Арз Пеиманемати, трет советник и Сејед Ахмад Хосеини Алсат, аташе за култура поради активности во „спротивност со нивниот статус“. 

Тиранската телевизја Топ чанел, објави дека двајцата дипломати се директно поврзани со генералот Сулејмани, кој е убиен во американски воздушен напад. Се дознава дека албанските разузнавачки служби, со помош на сојузничките земји, обезбедиле и докази дека тие биле запознати со тајниот план за напад врз на амбасадата на САД во Багдад организиран од Сулејмани.

Генералот е контраверзна личност, која војувала во БиХ. 

Официјална Тирана ги зголеми безбедносните мерки по настаните во Иран. По нападите на американските воени бази во Ирак, Иран упати закани и до Албанија. 

Престојот на 3.200 членови на иранската опозиција од организацијата МЕК, односно организација на Муџахедините во посебен и кампови во Албанија, од Иран е оценето како опасност за Техеран. 

Слично

Поврзани вести