Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тирана и Приштина го поздравија донесувањето на Законот за употреба на jазиците

Тирана и Приштина го поздравија донесувањето на Законот за употреба на jазиците

Официјална Тирана и Приштина го поздравија донесувањето на Законот за употреба на jазиците. 

„Ја поздравувам решеноста да се донесе законот за употреба на албанскиот јазик од страна на македонскиот Парламент, како важен историски и голем чин, не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија. Честитки!- стои во реакцијата на албанскиот претседател, Илир Мета.

Косовскиот претседател, Хашим Тачи упати честитки до сите Албанци во Македонија и до македонската држава, оценувајќи го донесувањето на законот како многу значаен чекор пред евроатланската иднина.

„Тоа е добра волја за соживот, почитувајќи го културниот диверзитет, достоинството и интегритетот на секој граѓанин. Им честитам на Албанците и на македонската држава за овој значаен чекор кон евроатланската иднина“ - наведува Тачи, оценувајќи дека тоа е во интерес не само на албанската заедница туку и за целиот регион.

Медиумите во двете земји, без исклучок ја пренесоа веста за „официјализирањето на албанскиот јазик на целата терторија на Македонија“.

Слично

Поврзани вести