Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тирана и Приштина добија протестни ноти заради протестите за „Монструм“

Тирана и Приштина добија протестни ноти заради протестите за „Монструм“

Министерството за надворешни работи им врачи протестни ноти на амбасадорите на Албанија и Косово во земјава заради „некои официјални ставови и изјави од двете земји, во врска со насилните протести организирани во Република Македонија по донесување на првостепената судска пресуда донесена од надлежен Суд во Република Македонија, со која шест лица се прогласени за виновни за кривично дело тероризам и им е изречена казна доживотен затвор“.

На амбасадорите на овие две земји им било укажано дека ставови и интерпретации со кои се доведува во прашање функционирањето на правната држава и постапувањето на судството како независна власт во Република Македонија – како и политички оценки од страна на високи политички претставници – не придонесуваат кон негување на конструктивни, позитивни, пријателски и добрососедски односи.

„Вакви изјави може да се протолкуваат како мешање во внатрешните работи на Република Македонија и не се во правец на јакнење на заемната доверба и добрососедство – принципи кои Република Македонија ги негува и за кои искрено се залага во билатералните односи со соседите“, стои во соопштението од МНР.

На амбасадорот на Република Косово му е врачена и протесна нота со која најостро се осудува вандалскиот чин, палењето на македонското знаме пред Амбасадата на Република Македонија во Приштина, со кој длабоко се навредува дигнитетот на Република Македонија. Воедно е искажано и очекување дека надлежните органи на Република Косово најитно ќе преземат соодветни мерки за пронаоѓање и казнување на сторителите.

Слично

Поврзани вести