Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тиодоровиќ вели дека сите ќе треба да ја примиме третата доза за шест, осум или 12 месеци

Тиодоровиќ вели дека сите ќе треба да ја примиме третата доза за шест, осум или 12 месеци

Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ изјави дека сите ќе треба да ја примиме третата доза на вакцината против коронавирусот за шест, осум или 12 месеци. 

Ова ќе треба да го направиме без оглед на видот на вакцината која сме ја примиле.

„Така сме навикнати и кога станува збор за грипот. Прво се даваат две дози, а потоа секоја година се дава по една доза. Веројатно ќе ја имаме таа ситуација и со оваа болест“, рече Тиодоровиќ за ТВ Прва, а пренесува „Танјуг“.

Вели дека не е потребно сите да бидат тестирани за антитела и да „прават драма“ од тоа.  Тој објасни дека дали антителата ќе се задржат подолго или пократко, зависи од видот на вакцината.

Слично

Поврзани вести