„Тинекс“, „Веро“, „КАМ“: Како одработија најголемите ланец маркети во корона кризата?
Дури осум ланци супермаркети лани во Македонија имале приходи од продажба поголеми од 50 милиони евра, според официјалните податоци кои ги доби „Фактор“. Од нив, седум имаат раст на приходите од продажба лани во споредба со 2019 година.
Пет ланци супермаркети бележат зголемен профит во споредба со 2019 година, а најголем релативен раст на добивка е 79 отсто. КАМ ДОО и лани останува најголем играч на пазарот на малопродажба на стоки за широка потрошувачка со 169,6 милиони евра од продажба на стоки во своите самопослуги ширум земјава и добивка од 4,9 милиони евра, што е за 1,5 отсто повеќе од претходната година.
На второто и третото место се Тинекс – МТ со приход од 96,9 милиони евра и профит од 3,6 милиони евра и Веро маркети со продажба од 88,3 милиони евра и неверојатна довивка од 10,5 милиони евра. И во 2019 година година оваа компанија беше најпрофитабилна во конкуренцијата.
Голем исчекор напред лани направиле Стокомак и Киппер маркети, а повеќе од анализата може да се прочита на „Фактор“.
