Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџерка во Грција се пожалила на болки во стомакот, ја однеле во болница и се породила во тоалетот

Тинејџерка во Грција се пожалила на болки во стомакот, ја однеле во болница и се породила во тоалетот

Тринаесетгодишно девојче од Грција викендов се пожалило на болки во стомакот, по што отишло во болница и се породилo во тоалет. Девојката не знаела дека е бремена. 

Породувањето се случило во тоалетот на болницата на островот Наксос.  Минатата сабота родителите ја однеле на ургентниот центар на болницата поради силни болки во стомакот.

Педијатарот ѝ дал клизма. Но, кога докторот сфатил дека девојчето не излегува од тоалетот, отишол да ја провери и тогаш го видел бебето во мијалникот и папочната врвца како висат. Потоа, девојчето е префрлено во болницата „Сирос“, каде што моментно е со бебето.

„Таа е преплашена, но ја следат детски психолози. Замислете детето да каже дека го боли стомакот, а да заврши со породување. Породувањето почна кога таа отиде во тоалет во болницата“, вели роднина на семејството.

Девојчето било кај педијатарот за време на бременоста, но никој не сфатил дека е бремена.

„Неодамна забележавме дека малку се здебелила, но не ѝ придававме никаква важност“, рекла роднината.

Како што пренесува „Мега“, малолетничката им открила на детските психолози дека таткото на нејзиното бебе е нејзин школски другар, но нејзините блиски рекле дека не знаат ништо за тоа.

foto freepik.com/yanalya

Слично

Поврзани вести