Тинејџер тешко се повредил на работа во погон
Тинејџер со тешка повреда на раката бил пренесен итно во кумановската болница, откако според информациите на полицијата, тоа се повредило на работа во погон лоциран на автопатот Скопје-Куманово.
Вчера во 18.15 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово пријавиле дека на Одделението за хирургија за укажување лекарска помош бил донесен повреден Н.С.(20) од Куманово. Според информациите на МВР, тој се здобил со тешка повреда на раката на работното место во фабриката „Квалитет Пром“ лоцирана на автопатот Скопје-Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Слично
