Тинејџерка почина во болницата во Гевгелија, родителите бараат одговорност
Уште еден смртен случај во болницата во Гевгелија. Четиринаесет годишно девојчено од Миравци, почина во болницата поради предозираност со таблети за покачен крвен притисок.
Девојчето најпрво било однесено во болницата во Валандово, па префрлено во Гевгелија.
Родителите обвинуваат дека девојчето починало поради неажурност на персоналот во гевгелиската болница, бидејќи откако виделе дека сосотојбата е критична не ја испратиле веднаш за Скопје.
Освен тоа велат дека чекале брза помош повеќе од еден час.
Од гевгелиската болница, пак велат дека го испрале желудникот на девојчето, но не успеале да ја реанимираат.
Телото е предадено да обдукција, за да се докаже дали дали имало можности да се спаси животот на девојчето.
Слично
