Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџер од Скопје крадел кај ќе стигнел

Тинејџер од Скопје крадел кај ќе стигнел

Шеснаесет кривични пријави заработи деветнаесетгодишен скопјанец поради кражби и сообраќајни прекршоци.

Само во последните три месеци, момчето извршило четири кражби од каде се збогатил за 1600 евра.

Крадел се и сешто, кај ќе стигнел. Тој провалувал во куќи и станови од каде украл компјутер и телевизори. На мета му биле и автомобили од каде украл кожна јакна и чанта со паричник и документи.

Во последната кражба на куќа, сопственикот го забележал тинејџерот и го пријавил.

Дел од украдените предмети, нему му ги одзела полицијата и ги вратила кај сопствениците.

За сите свои кражби, момчето кривично ќе одговара.

Слично

Поврзани вести