Tинејџер нападнат и прободен со нож во Скопје
Тринаесетгодишното момче вчеравечер додека се враќалo од маалска продавница во Скопје, го пресретнале две непознати лица и го нападнале.
Едниот од нив му се приближил , го турнал со раката по рамото, извадил нож , замавнал и го повредил во пределот на стомакот, нанесувајќи му расекотина со димензии 1,5см и хематом.
Веднаш потоа непознатите напаѓачи избегале. Тинејџерот е пренесен во Ургентниот Центар-Скопје каде му се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
Полицијата трага по напаѓачите.
Слично
