Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџер избоден со нож во улична тепачка

Тинејџер избоден со нож во улична тепачка

Во уличната тепачка што се случи вчеравечер во Гостивар, беше повредено младо момче. Шеснаесетгодишник беше прободен со нож во стомакот, во тепачката во близина на центарот за култура "АСНОМ" во Гостивар.

Несреќата се случила по жестока расправија што настанала меѓу момчето и неговиот другар од една страна, и двајца повозрасни мажи од друга страна.

Едниот од нив го прободил тинејџерот, а потоа двајцата избегале.

Повреденото момче било префрлено во Гостиварската болница каде што му била укажана прва помош, но поради сериозноста на повредата, било итно префрлено на клиниките во Скопје.

Двајцата напаѓачи подоцна биле пронајдени и приведени од полицијата и биле задржани во полициската станица Гостивар.

Слично

Поврзани вести