Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тунџев: Услугите на Катастар не поскапеа, туку вратени се цените на претходно ниво

Тунџев: Услугите на Катастар не поскапеа, туку вратени се цените на претходно ниво

Директорот на Агенцијата за катастар, Борис Тунџев, денеска излезе на прес-конференција на која рече дека цените на услугите се зголемени со новиот тарифник поради зголемените трошоци за одржувањето на електронските катастарски системи. Вели дека и струјата поскапела за пет пати.

Комората на трговски друштва за геодетски работи при Сојузот на стопански комори претходно побара итна ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) што стапија во сила на 19. месецов, а со кои, како што велат од Комората, услугите за добивање одредени податоци се поскапени за 100, 200, па и за 500 отсто, на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги.  Веднаш потоа реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека поскапувањето на услугите од „Катастар“ ќе биде на грбот на граѓаните.

- Промените на ценовникот по пет години се резултат на систематска анализа што ги прави агенцијата и систематско решевање на проблемите. Во 2017 Катастар ги намали цените за 30 до 90 проценти.  Ако се направат споредби со 2014, поголемиот дел на услугите се на ниво од 2014, односно 2017, вели Тунџев.

Според првиот човек на „Катастар“, цените на енергенсите на пазарот го отежнувале нормалното самофинансирачко функционирање, трошоците се зголемеи за оперативните системи, ИТ и софтверски решенија како и за лиценците за сигуност..

- За нормално функционирање и осовременување на техничката поддршка и надградба на софтверот и апликациите се потребни повеќе средства. Цените не се енормно поскапени, туку на ниво на реално направени трошоци за одржување на електронските системи кои се од исклучителна важност. Цените на некои од услугите не е променета, додаде Тунџев.

Тој рече дека петте тарифници се трансформирани во два со услуги кои сега имаат „универзална цена“.

- Ако сме плаќале по 8 до 9 милиони денари, оваа година трошоците за електрична енергија се 36 милиони денари, се правдаше Тунџев пред медиумите.

Слично

Поврзани вести