Тимот од ЕУ почна со проценки на штетите од поплавите
Експертите на Европската Унија почнаа да прават проценки на штетите од невремето кое во саботата го зафати Скопје и околината, соопшти денеска евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/AmbassadorEU/status/763000063480193024?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Тимот покрај проценка на штетите, треба да им даде препораки на властите за цивилна заштита на национално и локално ниво околу санирањето на последиците. Експертите се испратени, откако Македонија вчера го активираше Механизмот на ЕУ за цивилна заштита.
Од Дирекцијата за заштита и спасување денеска соопштија дека откако ќе се добие финалната листа на потреби од страна на надлежните институции, ќе се достави дополнително барање до механизмот за цивилна заштита на ЕУ.
Слично
