Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимот на Стопанска Банка најдобар на натпреварот за креативно решение

Тимот на Стопанска Банка најдобар на натпреварот за креативно решение
Тимот на Стопанска банка составен од Милица Неделковска, Кристина Николовска, Владислав Мишев, Стефан Пеповски и Бранко Марсениќ е победник на  дводневниот натпревар најдобро креативно решение за бизнис студија на случај Македонија 2012, во организација на Бледската школа за менаџмент (IEDC) Alumni клубот од Македонија во конкуренција на 6 тима. Бизнис натпреварот студија на случај е натпревар организиран од страна на IEDC Alumni клубови, во 4 земји од регионот. Главната цел на оваа иницијатива е промовирање на бизнис образование и конкурентноста на компаниите, и е од најголема важност за секоја компанија која има аспирации да се остане на врвот на бизнисот и сака да ги стимулира и поттикне сопствените менаџери континуирано да се подобруваат, да се едуцираат и стекнат нови вештини и компетенции со цел да се развијат во бизнис лидери. Бизнис студија на случај е иновативен дводневен натпревар во кој шест члена создаваат функционални тимови кои доаѓаат од индивидуални компании и имаат можност да учат од и се натпреваруваат против други тимови од разллични компании. Целта на овие натправри е зајакнување тимскиот дух во самите компании, да се искористи нивната иновативноста и да им се помогне на поединците да изнајдат сопствени креативни решенија за предизвиците, наместо да им се каже што да прават. Натпреварот се состои од бизнис случај кој се анализра и потоа се прави презентација на предлог решение. Бизнис случајот е избран од страна на комисија која одлучува и за победник на натпреварот. Натпреварот за бизнис студија на случај секогаш се занимава со реални компании и со реални проблеми или предизвици. Тимовите имаат време од 24 часа да се подготват за нивната презентација и креативно решение за дадениот проблем пред комисија составна од професори. Исто така имаат шанса за пробна презентација и со повратни информации и совети од членовите на комисијата се дозволени уште неколку часа за финална презентација пред да се прогласи победникот. - “Нашиот тим беше балансирано организиран преку вклучување на различни профили на професионалци што ни овозможи полесно да се организираме и да го оствариме денешниот успех. Конкуренцијата беше дополнителен стимул да дадеме се од себе меѓутоа сметаме дека клуч на успехот беше тимскиот дух и фактот што не заборавивме да уживаме во овој несекојдневен предизвик. Среќни сме што постигнавме успех и што ќе ја претставуваме Македонија и Стопанска банка на регионалното натпреварување. Им благодариме на Бледската школа за менаџмент за одличната организација на натпреварот и корисните совети и препораки кои ни ги даваа за време на натпреварот “, вели Милица Неделковска член на тимот. Наградата за победничкиот тимови на поединечни земји е учество на тимот на еден од изборни МБА курсеви во IEDC-Блед школа за менаџмент. Тимот кој ќе победи на својата земја, добива право да се квалификуваа за Глобал Студија на случај за конкуренцијата.
Слично

Поврзани вести