Тимот на Јанева продолжува со работа: Ловиме криминалци, не сме политичари!
Специјалното јавно обвинителство нема да се повлече од намерата да ги истражи сите индиции во кои постојат сомневања за сторени кривични дела поврзани со предметите кои се под нивна надлежност. Процесот за минирање на работата на СЈО кој го започна претседателот Иванов со потпишувањето на одлуката за аболиција нема да влијае демотивирачки за тимот на Катица Јанев, велат за Фактор извори од СЈО. Од Специјалното јавно обвинителство брифираат дека тие немаат намера да се занимаваат со политичко толкување на одлуката на шефот на државата. Синхронизираниот и координиран атак врз СЈО станува се’ по очигледен особено и по експресно закажаната седница на Уставниот суд на која се преиспитува уставноста на оваа инстиутуција.
Станува ли Македонија темпирана бомба која може да експлодира во секој момент ако во најскоро време претседателот Иванов не ја повлече (не)свесно донесената одлука за помилување на 56 лица од кои најголем дел се функционери од актуелната владејачка партија .
Универзитетскиот професор по уставно право Светомир Шкариќ за Фактор посочи дека од гледиште на важечките норми од Законот за помилување од 1993 година, отварање на постапката за аболиција е можна само по службена должност од страна на министерот за правда. Без содејство на министерот за правда, претседателот Ѓорѓе Иванов не може да врши никаква аболиција .
„Според тоа, македонскиот шеф на државата оваа аболиција ја прави надвор од законските норми . По носењето на една ваква одлука, претседателот Ѓорѓе Иванов Иванов заслужува импичмент бидејќи со ставањето потпис тој го крши законот“ дециден е Шкариќ .
Фактор телефонски контактираше со Иво Котевски, директорот на центарот за комуникации барајќи од да ни даде одговор на прашањата :
- Дали ВМРО ДПМНЕ ќе се потпише на иницијативата за отповикување на македонскиот претседател ?
- Дали партијата ќе побара од Ѓорѓе Иванов да ја повлече одлуката за аболиција?
Слично
