Тимот на Јанева бомбардиран со кривични пријави
Лица кои се жалеле дека биле уценувани, понижувани и заплашувани поднесоа кривични пријави против спецјалното јавно обвинителство.
Од јавното обвинителство се уште не ја потврдиле оваа информација, а повеќе детали најавија за утре.
Пријавите се поднесени од жители на Свети Николе кои се пожалеле на притисоци за да дадат одреден исказ.
Инаку, пред една недела беа поднесени уште неколку кривични пријави против тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, поради наводно малтретирање на сведоци.
Од специјалното јавно обвинителство ги отфрлија обвинувањата дека дел од нивниот тим малтретирале лица додека ја вршеле нивната служба.
“Ако некој тврди дека му е вршен притисок, тоа треба и да го докаже. Ако има докази за такво нешто, слободно нека ги приложи”- рекоа од специјалното обвинителство.
Од СЈО одговорија дека работат согласно законот, а дел од правните експерти пријавите ги толкуваат како опструкција на работата на Катица Јанева.
