Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимот на Иванов со тешка задача: Како се барале кривични дела во бомбите на Заев!

Тимот на Иванов со тешка задача: Како се барале кривични дела во бомбите на Заев!
На листата на помилувни со потпис од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов се наоѓаат 56 лица. Од поранешни премиери, претседател на Собрание, министри, лидери на партии, обвинители, директори, градоначалници, но и двајца странски државјани. На списокот во одлуката објавена во Службен весник, меѓу лицата за кои се води предистражна постапка може да се забележат и имиња кои беа дел и од опозициските т.н бомби. Засега не е познато кој за кое кривично дело се товари, а одлуките се поделени во неколку групи. Одлука за помилување- ослободување од гонење, без спроведување на постапка на 1. Ирена Мишева од Скопје, 2. Миле Јанакиески од Скопје. Во една од одлуките за ослободување од гонење без спроведување на постапка се имињата на Ирена Мишева претседател на Советот на Град Скопје и член на ВМРО ДПМНЕ и Миле Јанакиевски поранешен министер за транспорт и врски. Не е познато за кое кривично дело се товарат. Но токму овие две имиња се најдоа и во прислушуваните разговори што лани ги објави опозициската СДСМ. Во објавената бомба според СДСМ, поранешниот министерот за транспорт и врски Јанакиески бара од претседателката на советот на Град Скопје Мишева да блокира број на член на опозициската СДСМ и тоа на денот на изборите. Во разговорите меѓу Јанакиески и Мишева според СДСМ, се слуша како за партиски интереси,се користени и јавните претпријатија и училиштата во Градот Скопје.Според опзоцијата Јанакиески и  Мишева, ги координирале притисоците врз вработените во јавните претпријатија и наставниците во училиштата на главниот град. Разговор на Миле Јанакиески и Ирена Мишева МЈ: Од ЕСДЕЕС, лобира, 306 775… ИМ: Како? МЈ: 306 775 да биде исклучен да не работи нешто.. ИМ: Што има претходно? МЈ: 070 ИМ: Океј МЈ: Да го ставиш вон сила, да не можат да вртат… ИМ: Океј Одлука за помилување- ослободување од гонење, без спроведување на постапка на 1.Гордана Јанкуловска од Скопје, 2.Миле Јанакиески од Скопје, 3.Љупчо Димовски од Скопје. На листата за помилување се наоѓа и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а во една од одлуките за помилување се во друштво со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Во дел од прислушуваните разговори, Јанакиески и Димовски според опозицијата се гледа на кој начин биле спроведувани изборните процеси и како се правеле малверзациите. Во дел од материјалите исто за изборните процеси СДСМ објави и разговор меѓу Јанкуловска и Јанакиески. Разговор меѓу Јанакиески и Димовски МЈ: Како оди со исплатава на откупениов тутун? Бев во Могила, па се жалат. ЉД: Е, па види, значи го притиснавме тој и треба за недела дена све да исплати. Он има уште 33%, така барем кажуваше, обврска. МЈ: Кој? ЉД: Од Струмица Табак, тој Мојсеј. МЈ: Ама, те молам, притискај ова јако. ЉД: Ама, цело време притискаме. Ја му претив дека ќе му земам лиценца. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески МЈ: Како е? ГЈ: Куманово ако имаме начин да договориме со ДУИ мислам дека има шанси да го земеме, оти не се многу гласови.. МЈ: Како? ГЈ: Таму се 88 илјади гласачи запишани, а 1700 гласа губиме МЈ: А епа како мислиш? Да поништуваме? ГЈ: Епа така да поништиме на пример.. Одлука за помилување- ослободување од гонење, без спроведување на постапка на 1.Мендух Тачи од Тетово, 2.Бедредин Ибраими од Тетово. Меѓу одлуките за помилување се најдоа и имињата на лидерот на ДПА Мендух Тачи и членот во Државната изборна комисија од ДПА Бедредин Ибраими.Во опозициските бомби се споменуваат двете имиња, едниот е соговорникот Тачи, кој според СДСМ со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој бара од Тачи членот на ДИК од ДПА, Ибраими, да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Опозцијата тогаш презентираше и разговор меѓу Тачи и Ибраими, во кој според СДСМ Ибраими послушно вели дека ќе ја послуша препораката. Разговор помеѓу Мендух Тачи и Бедредин Ибраими МТ: Сега Струмица ви е на ред, така? БИ: разговораме за тоа. МТ: Ќе гласаш за овие…да се поништат? БИ: …. за две минути… МТ: Да гласаш да се поништат бидејќи се договоривме за Чаир. Одлука за помилување- ослободување од гонење, без спроведување на постапка на 1. Никола Груевски од Скопје, 2. Миле Јанакиески од Скопје, 3. Тони Трајковски од Скопје. Во една од одлуките за помилување во група се Тони Трајковски градоначалник на општина Гази Баба, Никола Груевски претседател на ВМРО ДПМНЕ и поранешен премиер и повторно Јанакиески. Во дел од прислушуваните материјали СДСМ објави разговор меѓу Груевски Јанакиески, во кој според опозицијата заговараат како да го срушат објектот Космос на бизнисменот Фијат Цаноски. Разговор меѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески НГ: Миле ми текна друга варијанта. Ние да го смениме таму ДУП-от? МЈ: Ама зборевме за тоа одамна, ОК. НГ: Чуј се со Тони, ја му кажав на Тони, вика кажете му на министерот Миле, ако он застане позади мене ќе го туркам ова. МЈ: Не е проблем бе готово. НГ: Најдобро е сега ти да се чуеш со него, да му дадеш први задачи што да прави а утре вечер да се видите. МЈ: Важи, готово. Одлука за помилување- ослободување од гонење, без спроведување на постапка на 1.Никола Груевски од Скопје,2.Миле Јанакиески од Скопје, 3.Коце Трајановски од Скопје, 4.Владимир Тодоровиќ од Скопје, 5. Ристо Новачевски од Скопје, 6. Тодор Мирчевски од Скопје. Исти имиња се појавуваат во неколку одлуки.Така имињата на Груевски и Јанакиески, се и во една од одлуките во група со Коце Трајановски градоначалник на Скопје, Владимир Тодоровиќ поранешен градоначалник на општина Центар, Ристо Новачевски кум на Груевски првиот брак и Тодор Мирчевски кој во јавноста беше споменуван како директор на оф шор фирмата  „Ексико“, на која никој не знае кој e вистинскиот газда, а таа е регистрирана во Лугано, Швајцарија. Имињата од оваа група опозициската СДСМ ги обвини дека преку злоупотреба на службената положба и перење пари сакле да ги скријат трагите на купувањето на имотот на Груевски на Водно. А името на Новачевски се поврзува како сопственик на плацевите на Водно.Во аудио разговорите што ги објави опозицијата се слуша како Груевски бара од Миле јанакиески да ја тера постапката за промена на плановите, пренамена на земјиштето,  да изградат пат и како што вели Груевски „ѕид од 6 метри“ за да не може никој што ќе поминува по патот да види што има во дворот.Груевски за случајот сведочеше и пред анкетната комисија во Собрание, но зад затворени врати. Додека Предметот  беше во Основното јавно обвинителство беа собрани докази од Катастар и други материјали кои и беа предаени на Специјалната обвинтелка во декември лани. кон средината на декември од страна на скопското обвинителство. Разговор меѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски НГ: Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот. МЈ: Така. НГ: А го израмнуваш горе ти, така? МЈ: Да, да, да. НГ: Подигањето, и се израмнува. НГ: Да го претвориме во онакво како што ти кажав, знаеш. МЈ: Да, да, ама така е направено. НГ: Тогаш одма го продавам. Имам више заинтересиран. МЈ: Така е направено, општо, Ви кажав. Општо е ставено таму. Одлука за помилување- ослободување од гонење, без спроведување на постапка на 1.Сашо Мијалков од Скопје,2.Светлана Костова од Скопје,  3.Хаим Хакијни од Држава Израел Меѓу одлуките за помилување се наоѓа и лице од странство.Станува збор за израелецот Хаим Хакијни. Во оваа одлука е и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и Светлана Костова .Името Хаим Хакијни на јавноста и е познато од аудио снимките на опозицијата, во еден од разговорите во кој според СДСМ се зборува за провизија за набавена опрема за тајната полиција од Израел, за што според опозицијата авансно поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков барал прво 500.000 евра, па три пати по 900.000 евра и дополнителни 840.000 евра. Разговор меѓу Сашо Мијалков и Светлана Костова СМ: Тука си? Кажи ми сега овие, нели требаше да пуштаат, ја ти реков 3 пати по…колку да пуштат? СК: Да, меѓутоа рековте додека не се платат оние да не пуштаат ништо. СМ: А ти реков додека не ги добиеме тие последните пола милион да не се пуштаат. СК: Да, така не пуштаат додека…они ме чекаат секој ден ми се јавуваат. А? СМ: Речи затоа што ги немаме добиено последните пола милион… Разговор меѓу Светлана Костова и Хаим Хакијни СК: До сега немам никакви новости за остатокот од парите. ХХ: Аха. Да. СК: но зборував со директорот… ХХ: да. СК: И рековме дека штом парите ќе…штом ги добиеме остатокот од парите, Вие ќе започнете со следната исплата. ХХ: Во ред. Значи јас ќе чекам откако парите ќе пристигнат. Инаку во одлуките за помилување од претседателот Иванов, најголем дел се лица од владејачката ВМРО – ДПМНЕ, но има и од опозциската СДСМ, како лидерот на СДСМ Зоран Заев. Засега останува тајна од каде ги добил претседателот Иванов сите податоци за кривични пријави и лица против кои се води предистражна постапка. Т.С
Слично

Поврзани вести