Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Тиквеш“ планира влез во хрватски „Бадел“

„Тиквеш“ планира влез во хрватски „Бадел“
Винаријата „Тиквеш“ во соработка со хрватската компанија „Орбико“ е заинтересирана за влез во хрватскиот производител на вино, алкохолни и безалкохолни пијалоци „Бадел“. Веќе поднеле необврзувачка понуда за стратешко партнерство и докапитализација на познатата хрватска фирма. Освен заедничката понуда на Тиквеш и Орбико, на јавниот повик за влез во Бадел стигнале и понуди од БИДЦО (конзорциум на Привате Ељуитм, Подравка и ЈМ Фундус), британската компанија СТОЦК Спиритс Гроуп, ТЕМПО Беверагес од Израел и Принцепс промет од Хрватска, додека по истекот на рокот пристигнала понуда и од кинеската компанија Тади Холдинг Груп, која е партнер на Бадел во заедничкото друштво. Бадел на 24 април објави јавен повик за собирање на понуди за стратешко партнерство и докапитализација во рамките на постапката за предстечајна спогодба. Компанијата и натаму е во мнозинска сопственост на државата која поседува 67,68% од основачкиот капитал во Бадел, една од најуспешните компании во овој сектор во поранешна Југославија.
Слично

Поврзани вести