Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИК-ТАК ОД БРИСЕЛ и ВАШИНГТОН: Каков одговор за белоруското сценарио на Ван Хоуте?

ТИК-ТАК ОД БРИСЕЛ и ВАШИНГТОН: Каков одговор за белоруското сценарио на Ван Хоуте?
Времето  за имплементaција на Договорот од Пржино истече, но на партиите ќе им се  даде  уште една шанса да се договорат.  Овојпат ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ, ДУИ и ДПА имаат рок до крајот на оваа  недела да ги испеглаат разликите и да ги затворат прашања за кои досега требаше да има договор.Но може ли да дојде до договор, или ќе треба да стравуваме од сценариото Б што го најави Ван Хоуте: Белорусија! Горазд Чомовски Премиерот Никола Груевски во Мадрид каде што учествува на  конгресот на Европската народна партија ќе добие  инструкции  како да се премостат разликите, додека на престедателот Ѓорѓе Иванов  во Брисел каде што се одржува вонреден  самит ќе му биде предочено дека  неопходно во што е можно најкраток рок  да има договор, во спротивно  Македонија може да остане  политички и финансиски изолирана земја, велат дипломатски извори за фактор. [caption id="attachment_137012" align="alignright" width="449"]besimni ВМРО ДПМНЕ и СДСМ мора да ги надминат разликите во интерес на државата.[/caption] Вицепремиерот за  евроинтеграции  Фатмир Бесими во кратка изјава за Фактор,  потенцира  двете најголеми македонски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ  мора да ги надминат разликите во интерес на држаавата. „Мора да се имплементира  Договорот од Пржино, партиите  се обврза  дека  ќе ги исполнат обврските од  јуни и јули, во спротивно постои реална опасност Македонија да ја изгуби препорката за почеток на преговори со ЕУ. Реформскиот процес не трпи повеке одлагање и затоа треба  да се фокусираме на исполнување на задачите“ вели потпретседателот на Владата. Затишје пред бура, вака може да се толкува  молкот од партиите  кои се крајно резервирани околу понатамошниот тек на разговорите во „Клубот на паретенците“.  СДСМ  не ја открива  понатамошна стратегија .Оттаму посочуваат дека ситуацијата е премногу сензитивна и во моментов не  сакаат да прејудицираат  што ќе се случува во наредните неколку денови. И од  ВМРО-ДПМНЕ се воздржуваат од коментар . Нема да има препорака Поранешниот амбаасадор на ЕУ во Македонија  Ерван Фуере за Фактор оценува дека со неуспехот на политичките лидери во Македонија е сериозно поткопување не само за иднината на демократскиот процес во земјата, туку и за изгледите  за членство во ЕУ. [caption id="attachment_103018" align="alignright" width="455"]sl_Fuere Постои впечаток дека  власта се обидува да ја блокира вистината за скандалот со прислушувањето[/caption] „Вината е кај Владата дека не успеала да се покаже како  пример во градење консензус. Се има впечаток  дека се обидува да ја блокира вистината за скандалот со прислушувањето, како и  со својот предлог закон да се забрани објавувањето на сите  материјални поврзани со прислушувањето . Исто така се има впечаток дека свесно се опструира  работата на Специјалниот јавен обвинител.   Во сегашните околности, е незамисливо  Европската комисија да ја обнови својата препорака за започнување преговори со Македонија. Во најмала рака, оваа препорака треба да биде суспендирана се додека обврските преземени од страна на политичкото лидерство целосно  не се реализираат “, дециден е поранешниот шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје. Каков ќе биде одоговорот кон „белоруските“ состојби во Македонија Нема  излез од кризата додека таа уште повеќе не се продлабочи и не предизвика такви последици од кои сите ќе пиштиме,  проценува за Фактор  универзитетскиот професор Мирјана Малеска. „Мојата генерација го виде тоа уличарско и насилничко однесување на луѓе на кои не им се испушташе власта од раце. Лесно потпишуваа мировни договори и уште полесно ги газеа. На крај завршија зад решетки, но најголема цена платија граѓаните. Груевски и неговата номенклатура на власт, како јавниот обвинител или председателот на Судскиот совет, на пример, опструираат и тоа им е на сите јасно. [caption id="attachment_181360" align="alignright" width="452"]timthumb Во Белорусија беа применети рестрикции, ембарго на материјали кои можат да се применат за внатрешна репресија; замрзнување на сметки на фирми блиски до власта, меѓународна изолација и слично[/caption] Ги штитат своите кожи и ништо друго не ги интересира. ЕУ и САД, кои го вложија својот авторитет за постигнување на договорот од Пржино ќе ги применат сите политички мерки на притисок бидејќи оценија дека неисполнување на договорот ја води земјата кон уште подлабока внатрешна криза. Се спомна Белорусија. Одговорот на ЕУ кон кршењето на човековите права и слободи во Белорусија е ‘тврд’ одговор и тоа треба да го знаат сите оние кои денес си поигруваат со нашите судбини. Таму беа применети рестрикции, ембарго на матерјали кои можат да се применат за внатрешна репресија; замрзнување на сметки на фирми блиски до власта, меѓународна изолација и слично. Не гледам зошто би биле ‘фини’ кон оваа компромитирана власт. „Мора да научите како да владеете со вашата земја...ова е развоен процес кој мора да го поминете..“.изјави Ванхауте и јас наполно се сложувам со него. Ако ни е вака добро, ако ни се бендисува да бидеме сиромашни и изолирани, ако не ни пречи тоа што немаме веќе достоинство, тогаш можеме да си продолжиме по истиот пат... “ , изјави Малеска .     
Слично

Поврзани вести