Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тихомир Петрески предложен за нов менаџер на Тедико, постои можност за рестартирање на маркетите!

Тихомир Петрески предложен за нов менаџер на Тедико, постои можност за рестартирање на маркетите!
По еден месец откако штипската компанија „Кит-Го“ се откажа од купување на маркетите на „Тедико”, сопствениците со нов план за рестартирање на маркетите. Како што дознава Фактор, на последниот состанок на сопственикот на “Тедико” со најголемите доверители, за нов менаџер на компанијата бил предложен  Тихомир Петрески, сопственик на консултантската куќа “Petreski & Partners Ltd”. Извори за Фактор, коментираат дека Петрески на состанокот имал 40-минутна презентација на која го образложил планот за рестартирање на компанијата и работа во следните пет години. Неговиот план бил прифатен од сите што присуствувале на состанокот. Но за да се исполни планот треба сите доверители да прифатат на одреден период да се замрзне долгогот што Тедико го има кон нив, коментираат извори за Фактор, посочувајќи дека доколку доверителите го прифатат ваквиот услов за замрзнување на побарувањата, компанијата би почнала со работа од оваа есен. Ако планот се оствари, Петрески би ја превземал менаџерската позиција и ќе формира нов менаџерски тим, со што на работа ќе останат  и околу 260 вработени во компанијата. Инаку Тихомир Петрески и е познат на јавноста како поранешен генерален директор на скопска Пивара и генерален менаџер на најголемиот регионален производител на овошни сокови „ Fresh&Co", компанија во целосна сопственост на „Кока-Кола". Судбината на Тедико е во рацете на доверителите Како доверители во компанијата се јавуваат близу педесетина фирми. Упатените коментираат дека првиот предлог е тешко остварлив, бидејќи меѓу најголемите доверители се странски фирми или фирми со доминантен странски капитал како Атланитик, Подравка, Жито лукс, Суташ, Битолска Млекара, Скопска Пивара, но тука се и домашни фирми како Витаминка, Европа, Прилепска пиварница, кои што имаат гломазни одбори на управување и тешко ќе можат да го усвојат и реализираат овој план. Извори за Фактор коментираат дека е во интерес на доверителите и на сопствениците компанијата да продолжи со работа, за да не пропаднат парите и да не се изгуби продажбата и пазарниот удел на компаниите. Веќе еден месец маркетите на Тедико се празни и под клуч. Засега не е познато колкави се долговите на компанијата, мо од она што е познато од историјата на “Тедико”, компанијата во своите почетоци имаше успешни финансиски биланси, сè до 2011 година. Потоа почнаа да се редат загубите, а драстичниот пад во финансиското работење го доживеа лани. Менаџментот како причина за лошата финансиска состојба на компанијата ги посочи отварањето на голем број маркети за чие отворање и функционирање се искористиле високи суми сопствени пари, но и банкарски кедити, како и намалувањето на куповната моќ на потрошувачите и светската криза. Штипската компанија „Кит-Го“ неколку водеше интензивни преговори за купување на скопскиот трговски ланец „Тедико“, а информацијата тогаш ја потврди и сопственикот на ланецот маркети, Раде Трајковски. Зошто штипската компанија се откажа од купувањето на овој ланец маркети, засега не е познато. Според достапните податоци од Управата за јавни приходи,  комапнија  „Тедико“ на државата и должат повеќе од 26 илјади евра неплатен данок. Ј.С
Слично

Поврзани вести