„Тигрите“ им оддадоа почит на загинатите колеги во Диво насеље
Припадници на „Тигрите“ денеска возеа велосипеди од Куманово преку Скопје до тетовско, во чест на загинатите колеги лани во кумановското Диво насеље.
Симболично тргнаа во 6 часот наутро, токму во времето кога лани почна пукањето и беше убиен еден од нивните колеги. Носеа маици со ликот на загинатите, отидоа на нивните гробови каде се поклонија и запалија свеќи.
Тие ја посетија и касарната Илинден каде се чуваат лични предмети и облека на загинатите херои.
Во инцидентот во Куманово загинаа осум полицајци, а четириесеттина беа тешко повредени во судири со вооружена група од Косово. Целта на терористите им била да предизвикаат чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните. Судскиот процес против групата се уште не е завршен.
