Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тие што имале 100 долари во биткоини во 2010 денес имаат 73 милиони долари

Тие што имале 100 долари во биткоини во 2010 денес имаат 73 милиони долари

Криптовалутата биткоин сруши нов рекорд откако стигна до историски највисока вредност од неверојатни 2167 долари што е за 150 долари повеќе во однос на „курсот“ по кој се тргуваше на почетокот на годината. 

Според финансиските анализи првите инвеститори кои купиле биткоини вредни 100 долари во 2010-та ако денес се уште ги поседуваат средствата истите би имале фантастична вредност од дури 73 милиони долари. 

Причината за огромниот раст на биткоинот како електронска валута е политичката несигурност која владее на глобално ниво по Брегзитот и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Исто така во Азија постои се поголема заинтересираност за купување на биткоини поради нестабилноста на традиционалните валути. 

Слично

Поврзани вести