Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тие се дел од ЕУ со петина сиромашно население

Тие се дел од ЕУ со петина сиромашно население

Половина милион од граѓаните на оваа земја не можат да си дозволат три пати недело да имаат месо за ручек. 

Во Хрватска 19,9%  од граѓаните се сиромашни. Ова го покажуваат податоците на хрватскиот Завод за статистика.

Скоро 9%  од граѓаните на Хрватска немаат пари да платат греење,  а исто така 13% живеат во домаќинства кои не можат да си дозволат оброк кој содржи месо и риба секој втор ден.

58% од лицата живеат во домаќинства кои не можат да си го подмиран неочекуваниот финансиски трошок од сопствени средства, а 31% од лицата живеат во домаќинства кои тешко врзуваат крај со крај.

Прагот на ризикот од сиромаштија во едночлено домаќинство е 286 евра месечно, односно 3.430 евра годишно.

За четворочлено домаќинство со две возрасни лица и две деца, прагот на сиромаштија изнесува 600 евра месечно или 7.204 евра годишно.

58% од Хрватите живеат во куќи или станови во кои вкупните трошоци и станови претставуваат  финансиски терет. 

Хрватските медиуми пишуваат дека делови од земјата се празнат поради иселувањето, а Хрватите најчесто заминуваат во Германија. 

Најмали плати во ЕУ примаат работниците во Романија, Бугарија, Унгарија, Латвија и Хрватска. 

Слично

Поврзани вести