Тие не се спремни ниту за дрон, а камоли за дом, вели Дачиќ за Хрватите
Kaко што пренесува Индекс.хр, претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, на еден предизборен митинг го коментрал падот на дронот во Загреб, и рекол дека Хрватите не се спремни ниту за дрон.
„Нашата политика е јасна, го уништувавме НАТО. На нашиот список е Золтан Дани, кој го собори невидливиот Ф-117. Ние го соборивме и невидливотото, а и овие Хрватите не можат да го соборат овој дрон… Па, тие не се спремни ниту за дрон, а камоли за дом“, рекол Дачиќ на предизборниот митинг.
Авионот Ф-117 беше соборен за време на операција на НАТО во Југославија во март 1999 година, а Дачиќ сега посети на тоа.
Властите во Хрватска се загрижени поради овој настан.Но, дрон слетал и во Романија и тоа на ливада, и овој случај романските власти го истражуваат.
Слично
