Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тие купуваат помалку злато од родителите

Тие купуваат помалку злато од родителите

Младите Индијци купуваат помалку злато од своите родители. 

Златото е особено популарно во земјата за украси, но и како инвестиција. 

Родените помеѓу почетокот на 80-тите и средината на 90-тите,  на вториот по големина пазар на злато во светот не купуваат како што тоа го правеа нивните родители, пишува Quartz.

Индија купува 663 тони злато годишно, се наведува во јануарскиот извештај на Светскиот совет за злато (WGC). Лидер е Кина со 700 - 750 тони. Обично врвот на купувањето на злато е во периодот април-јуни и септември-јануари.

Оваа промена во потрошувачките параметри се случува во момент во кој индискиот пазар на накит се бори со пад во побарувачката, кој достигна седумгодишно дно во 2016 година. 

Слично

Поврзани вести