Тибетскиот хороскоп открива која е вашата животна цел и карма
Секој знак во тибетскиот хороскоп носи одредена мудрост. Дознајте што ви порачува вашиот. Тибетскиот хороскоп се заснова на верувањето во 12-те патеки на мудроста, а секој човек според датумот на раѓање има свој пат на мудроста, цел и кармичка задача која мора да ја оствари во животот. Проверете дали се пронаоѓате.
Овен – Реинкарнација
Овенот во животниот циклус означува минат живот. Тој е херојски змеј кој се бори против внатрешните демони и надворешните искушенија. Ја има енергијата и агресивноста на Марс. Бега од монотонија и размислување. На Овните им се препорачуваат социјални професии преку кои можат да се подобрат себеси и да ја трансформираат својата егоцентричност. Карма: Треба да живеете во сегашноста, да го испитате вашиот внатрешен живот, да медитирате, да пронаоѓате радост, да научите да го поднесувате животот и кога не е розов. Треба да заборавите на неуспесите и да гледате напред. Така Овните го откриваат тајниот клуч до универзалниот мир.Бик – Создавање на духот
Бикот претставува раст, разбирање на мудроста. Заштитен е од Венера, земската љубов, мајката на убавината и уметноста. Создава сигурност бидејќи го има искуството од минатиот живот, но создавањето на духот го поттикнува на контактирање со својот внатрешен живот. Карма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Огнената природа крие несигурност. Биковите не ги мотивира сигурноста туку сомнежот. Конзервативизмот можат да го победат со контролирање на својата енергија. Само така ќе најдат внатрешна сигурност.Близнаци – Психичка и духовна еволуција
Во животниот круг претставуваат спознавање и интелигенција, дуализам: духовно-еволутивна свест и земско познавање на стагнацијата. Кај нив доминира Меркур, заради што се дружељубиви, вешти, пријатни, внимателни, љубопитни, темпераментни, интелигентни, лажливи, непостојани, со добра меморија, но ништо не спроведуваат до крај. Иако чувствуваат потреба да се развијат духовно, никогаш нема да пронајдат мир. Карма: Нестабилни се, со осцилации во расположението. Ако во остварувањето на големите цели останат реални, ќе можат да ја совладаат својата контрадикторност. Треба да медитираат, да одлучуваат, решението на проблемот е поблизу одошто изгледа.
Слично
