Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТИ БЛАГОДАРАМE ДРАГАН, ТИ БЕШЕ ТАТКОВСКАТА ФИГУРА НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ“: Учениците го обожаваа убиениот работник од обезбедувањето

„ТИ БЛАГОДАРАМE ДРАГАН, ТИ БЕШЕ ТАТКОВСКАТА ФИГУРА НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ“:  Учениците го обожаваа убиениот работник од обезбедувањето

Во престрелката што утринава се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, загинаа осум ученици и еден работник од обезбедувањето, а ранети се шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар и на Детската клиника.

Драган Влаховиќ прв загинал кога малолетниот убиец Коста Кецмановиќ, влегол во училиштето и почнал да пука. Влаховиќ долги години работел како обезбедување во училиштето „Владислав Рибникар“ и учениците го сакале. Имаше одличен однос со децата кои го слушаа и можеше да воведе ред меѓу нив. Учениците од ОУ „Владислав Рибникар“ со потресни зборови на социјалните мрежи се простуваат од училишниот чувар.

-Татковската фигура на нашето основно училиште, човек кој барем еднаш кажал убав збор на сите, кој ги знаел имињата на сите деца, дури и на оние кои одамна завршиле. Ти благодараме Драган што ни го направи поубаво школувањето, ти благодараме за се што направи за нас, за секоја утеха, помош и секоја шега. Ти си херојот на нашата држава – пишува во објава на Инстаграм.

Малолетниот Коста прв го застрела Драган од далечина од 14 метри. 

ФОТО: ФБ

Слично

Поврзани вести