ТХП:Турската етничка заедница кажа „не“ на груевизмот
Од Партијата за движење на Турците велат дека со своето учество на протестите и припадниците на турската етничка заедница манифестираа незадоволство од моменталната состојба и јасно и отворено кажаа „не“ на груевизмот.
Објаснуваат дека во режија на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, а во реализација на претседателот Ѓорге Иванов, Уставот и демократијата уште еднаш се згазени.
„Во овие тешки времиња несомнено нѐ радува слободарскиот дух на граѓаните кои застана во одбрана на вредностите кои буквално беа силувани од овој режим во изминативе години. Шареноликоста и сплотеноста на граѓаните кои без разлика на нивната етничка припадност, религиска и идеолошка определба излегоа на улиците ја зацврстува позитивната слика. На овие протести, со своето учество и припадниците на турската етничка заедница манифестираа незадоволство од моменталната состојба и јасно и отворено кажаа „не“ на груевизмот“- стои во партиската реакција. Партијата за движење на Турците во име на турската заедница во Македонија, како што вели,„ упатува прашање до соучесникот на злосторствата на Груевски, долгогодишниот коалиционен партнер на оваа власт, Ќенан Хасипи, дали денес ќе учествува во протестот на ГДОМ (ВМРО-ДМПНЕ)?“
„Доколку учествува би сакале да го видиме во првите редови заедно со неговиот матичен партиски огранок(Врапчиште). И дали повторно ќе дозволи ВМРО-ДПМНЕ да ги фати Турците за уши, особено вработените во јавната и државната администрација и да ги однесе на контра-протестот на ГДОМ? „ - додаваат од партијата.
Партијата за движење на Турците во изминатиот период даде поддршка во битката за слобода и демократија заедно со граѓаните, а очекуваат истото да го направи и партијата на Ќенан Хасипи.
