The Economist: Како Србија стана важен производител на автомобили!?
Компаниите од Западна Европа кои произведуваат автомобили за широките маси ја имаат најниската продажбата последниве две децении. Компаниите остварија огромни загуби во своите земји , но сепак политичарите не даваат затворање на непрофитабилните бизниси . Тоа сепак ги охрабри компаниите , пишува The Economist . Тие бараат начини да произведуваат поевтини верзии и одат кон земјите од периферијата на Европа, со цел да ги намалат трошоците .
Изданието го дава како пример Fiat . Италијанскиот концерн изгуби 247 милиони евра во третиот квартал на годината , а 5 700 лица неочекувано беа принудени да се простат со своите работни места во Италија . Во Полска Fiat мораше да отпушти 1 450 вработени . За сметка на тоа сепак активностите на компанијата во Србија се прошируваат и само за една година земјата стана најголемиот извозник во регионот.
Од март оваа година Fiat ангажираше уште 600 нови работници и сега обезбедува живот на над 3 800 луѓе во градот Крагуевац . Локалните обезбедувачи за фабриката најмија уште 1 200 лица . Fiat инвестира 1,2 милијарди евра во фабриката , во која се произведуваат семејните автомобили на компанијата 500L .
Регионот настрада сериозно во 90-тите години поради распадот на Југославија и подоцнежната војна . Земјата сепак се потпираше на индустриското наследство на Zastava . Во 1989 година беа произведени 180 950 автомобили , а во 2004 година производството падна до 13 300 возила .
Она што ја спаси Zastava oд заборав , беа нејзините врски со Fiat , кои датираат од 1954 година Во 2008 година средствата на Zastava беа стекнати од Fiat Automobili Srbija ( FAS ) , во која италијанската компанија има удел од 67% . Оттогаш стариот погон на Zastava беше целосно трансформиран .
Главната причина Fiat да избере да произведува во Србија се ниските трошоци. Платите , кои Fiat ги плаќа таму , се помали од оние кои ги даваат во Италија , но и од цената на трудот во Полска . Во ноември минатата година протестите на незадоволните работници го принудија Fiat да ги зголеми платите за 13%.
Српската влада подоцна се согласи да компензира кај Fiat ,па и исплати на компанијата по 10 илјади евра на секој работник , чија плата беше зголемена .
Владата исто така вети дополнителни 3 илјади евра за секој купен автомобил, со цел моделот 500L да стане подостапен за корисниците на српскиот пазар.
Франција и конкурентните увозници на автомобили изразија незадоволство и Европската комисија донесе одлука дека Србија , која е кандидат за членка на Европската унија , навистина ги прекршила правилата за обезбедување на државна помош . Субвенција за купување автомобили беше тргната, но помошта за работниците - не .
Фабриката во Крагуевац може да произведе 200 илјади автомобили годишно. Крагуевац поседува добри транспортни врски и се наоѓа во близина на главните европски пазари на Fiat . Владата сака да промовира слични инвестиции , бидејќи поголемиот дел од забавениот економскиот раст на Србија од 2008 година се должи на фактот што не се создаваат нови работни места.
Слично
