Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Тhe Banker“ ја прогласи „НЛБ Тутунска Банка“ за најдобра банка во Македонија за 2015

„Тhe Banker“ ја прогласи „НЛБ Тутунска Банка“ за најдобра банка во Македонија за 2015

Угледниот финансиски магазин „Тhe Banker“ во Лондон ја прогласи  „НЛБ Тутунска Банка“ за „Најдобра банка во Македонија за 2015 година“.

Вчера во Лондон на свечена церемонија беа доделени глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството за 2015 година на над 152 земји .

НЛБ Тутунска Банка по осми пат се закити со престижната награда најдобра банка во Македонија со што стана најнаградуваната банка во земјава.

Како што соопшти претседателот на УО на НЛБ Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски наградата се базира врз особениот успех во надминувањето на сите поставени предизвици, и согласно тоа постигнатите извонредни финансиски резултати.

Што се однесува до финансиските резултатите НЛБ Тутунска банка во 2014 година остварила добивка од 11 милиони евра, а за првите десет месеци од 2015 година добивката изнесува 14,6 милиони евра што ја прави Банката една од најпрофитабилните компании во земјава.

„Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст, современите системи на управување и професионална услуга која овозможува создавање на долгорочна деловна соработка со клиентите“, изјави Јанчевски.

Оваа година, Банката прослави 30 години јубилеј од основањето, период во кој Банката во континуитет растеше и остваруваше позитивни резултати.

Во 2016 година, НЛБ Тутунска банка планира нов инвестициски циклус со кој ќе го поддржи станбеното кредитирање на домаќинствата и проектите на микро, малите и средни претпријатија од сите стопански дејности.

Дополнително, Банката планира нови инвестиции за проширување на деловната мрежа и за надградба на електронските сервиси и софтвери, што ќе им овозможи на клиентите брз, ефтин и едноставен пристап до услугите на НЛБ Тутунска банка.

Слично

Поврзани вести