ТЕЖОК УДАР: Нафтата ги влече Русите кон амбисот!
Руската рубља повторно се лизна на рекордно ниска вредност спрема доларот, бидејќи цените на нафтата продолжија да паѓаат поради прекумерните залихи на глобалниот пазар.
По отворањето на Московската берза, курсот на рубљата ослабнал на 84,8 рубљи за долар, откако вчера ја проби психолошката граница од 80,1 рубљи за долар, пренесува американската агенција АП.
Остриот пад на цените на нафтата, кои сега се на 12-годишен минимум под 28 долари за барел, и нанесоа тешок удар на економијата на Русија, која наголемо е зависна од „црното злато“.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пред два дена прогнозираше дека економијата на Русија оваа година ќе падне за 1,0 одсто, после падот од 3,7 одсто и од 2015 година, за дури во 2017 година да се врати на патеката на позитивен економски раст од 1,0 одсто.
