Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тежок шок – пад во „црвено“ кој никој не го очекуваше

Тежок шок – пад во „црвено“ кој никој не го очекуваше

Инфлацијата во еврозоната во февруари премина во „црвено“ , бидејќи падна на минус од 0,2 одсто на годишно ниво.

Тоа е очигледен сигнал дека поттикнувачките мерки на Европската централна банка не даваат резултат, оценува Франс Прес.

Се работи за голем пад на инфлацијата во однос на позитивната стапка од 0,3 одсто од јануари, што, како што оценува АФП ќе го зголеми притисокот на ЕЦБ да лансира нови мерки за оживување на европските економии и поттикнување на инфлација.

Негативната инфлација во февруари е последица на остриот пад на цените на енергентите од 8,0 одсто, после јануарскиот пад од 5,4 одсто, пренесува американската агенција.

Базната инфлација во еврозоната, од која се исклучок колебливите цени на енергентите, храната, aлкохолот и цигарите, исто така била слаба, потонувајќи на 0,7 одсто од 1,0 одсто.

Најновите податоци на европските служби за статистика на Евростат значајно се под проекциите на аналитичарите, кои очекувале нулта инфлација во февруари, и исто така се значајно под официјалната цел на ЕЦБ од нешто под два одсто.

Слично

Поврзани вести