ТЕЖОК ДЕН: Поскапува струјата, цигарите, бензините, гасот…
Од денеска струјата поскапува за 3,47%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Оваа цена ќе важи една година – од 1 јули 2014 до 1 јули 2015 година.
Новина ќе биде и тоа што ангажираната моќност од 33% ќе се прикажува како составен дел на цената на потрошената електрична енергија, а не како посебна ставка, како што беше случај до сега.
Поскапи бензини и гас
Малопродажната цена на бензините и дизелот од денеска е повисока за два денари.
Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 83 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,50 денари и на Еуродизелот 70 денари за литар.
Нова цена повисока за 1,5 денари за литар доби и малопродажната цена на Екстралесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое сега чини 58,50 денари. Се зголемува и цената на мазутот и таа од денеска е 42,18 денари.
Како што појаснија од РКЕ корекцијата на цената се должи на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар која изминативе две недели изнесуваше 113,5 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 45,46 денари.
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија деновиве одобри и зголемување на цената на природниот гас за месец јуни за 3,58%. Со тоа цена на гасот изнесува 29,8166 денари за нормални метри кубни гас (ден/нм3), а претходниот месец таа изнесуваше 28,7854 ден/нм3.
Поскапуваат и цигарите.
Акцизата на цигарите од денеска се зголемува за 0,15%, а акцизата и данокот учествуваат во цената на цигарите со 75%.
За пет денари ќе поскапат брендовите Бренд, Сан Слимс, Еуропа, 19, Филтер Ориентал и Та2 како и Марлборо. Останатите компании уште не откриваат колку ќе поскапат нивните цигари, но и тисе се согласуваат дека покачување на цената ќе иде неминовно. Се очекува и тие да ја следат ценовната политика на лидерот на пазарот.
Слично
