Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски за аферата со пензиите: Деталите ги имаат ПИОМ и Царовска

Тевдовски за аферата со пензиите: Деталите ги имаат ПИОМ и Царовска

Проблемот е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и тие ги знаат деталите, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој не сакаше да соопшти поединости оти како што рече не се во негова надлежност. Неговата колешка министерката за труд и социјална политика Мила Царовска објави вчера скандал тежок 19 милиони евра, во кој оштетени се 12.000 идни пензионери. Таа рече и дека државата ги обезбедила парите и граѓаните ќе бидат обесштетени од годинешниот буџет. 

„Буџетот за годинава е подготвен според барањата на институциите. Министерството за труд и социјални работи добило онолку колку што побарало, рече Тевдовски. 

Инаку ситуацијата траела десет години и ПИОМ за тоа во меѓувреме не кажало ниту збор. 

Слично

Поврзани вести