Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски: Воведувањето на акцизата не може да се повлече и е економски оправдано

Тевдовски: Воведувањето на акцизата не може да се повлече и е економски оправдано

Од Министерството за финансии објаснуваат дека воведувањето на акцизата кај нафтата од три денари од 1 јануари 2018 година е економски оправдано и предложеното решение не треба да се повлече. 

Треба да се почитува тоа што првпат во историјата на Македонија на незатворен буџет од Владата излегуваме и ги соопштуваме нашите ставови, вели министерот Драган Тевдовски. 

„Околу акцизата мислиме дека економските толкувања ги дадовме и има простор за зголемување. Досега не слушнав некој став кој дава друга економска логика во тоа“- изјави Тевдовски. .

Тој вели дека Министерството за финансии го дава предлогот и дека цврсто стои зад него.

„Во Македонија првпат од 1991 година имаме и во медиумите дебата, а интересните групи ги кажуваат своите ставови и тоа е добро и тоа може да води напред. Но, мојот став е дека мора да гледаме повеќе од една година. Да го гледаме поголемиот период и да кажеме каде сакаме да се движиме“ - рече Тевдовски.

Посочи дека со буџетот за 2018 година првпат по многу години почнува да се прави фискална консолидација во Македонија.

Акцизата се воведува од 1 јануари кај дизелот и кај екстра лесното масло за домаќинства, затоа што, како што појасни минситерот, главната буџетска импликација е кај дизелот, но зголемувањето на акцизата кај екстра лесното е затоа што тие треба заедно да се движат и да не се одвојат многу, затоа што може неправилно да се користи.

Предлогот на Министерството за финансии треба да се гласа од страна на Владата, а Предлог-буџетот од Владата до Собранието да биде испратен најдоцна до 15 ноември.

Слично

Поврзани вести