Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски се расправал со Анѓушев на владина седница

Тевдовски се расправал со Анѓушев на владина седница

На последната владина седница, министерот за финансии Драган Тевдовски упатил низа забелешки со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во присуство на премиерот Зоран Заев, јави ТВ21.

Според информации на телевизијата, Тевдовски имал најмногу забелешки за начинот на кој се градат државните автопатишта. Во целета тензична ситуација се вмешал и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, а се вклучил и премиерот Заев со критика дека министрите не работат како што треба.

Заев потоа за ТВ21 одговорил дека пред неколку дена забелешки имал за тоа како оди напредокот со гасификацијата и обновата на железницата, но не и за автопатиштата, кои ги сметал за завршена работа.

На седницата станало збор и за неактивноста на министерот Хазби Лика.

Слично

Поврзани вести