Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски од Вашингтон: За светот понизок, за Македонија повисок раст

Тевдовски од Вашингтон: За светот понизок, за Македонија повисок раст

Додека за светската економија прогнозите за раст се намалуваат, ММФ и Светска банка за Македонија ги подигнаа очекувањата, оценија во заедничко интервју за Гласот на Америка“ гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и министерот за финансии Драган Тевдовски. Тие се на пролетните средби на ММФ и на Светска банка во Вашингтон. Велат дека домашната економија е стабилна. 

„Во услови кога кај најголемиот дел од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за нашата земја ја зголемија проекцијата од 2,8 на три проценти. Тоа покажува дека земјата се движи во добра насока, дека економијата закрепнува и дека веќе почнува да остварува и подобри стапки на раст, рекол министерот Тевдовски.

Ангеловска Бежоска вели дека има стабилност кај сите показатели. 

„Нашите платнобилансни проекции предвидуваат натамошна акомулација на девизните резерви и нивно задржување на сосема адекватно ниво, конзистентно со монетарната стратегија којашто ја спроведуваме. Ако се погледнат движењата минатата година, имавме значајна акомулација на девизни резерви, а клучен фактор што придонесе за тоа се значајните девизни приливи на пазарите., нагласи Ангеловска-Бежоска.


Слично

Поврзани вести