Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски: Финансискиот систем е стабилен, функционира нормално

Тевдовски: Финансискиот систем е стабилен, функционира нормално

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, финансискиот систем е стабилен, функционира нормално, и ќе обезбеди поддршка за раст на македонската економија. Главно нешто што правиме кај фискалната политика, посочи, е да обезбедиме стабилност и економски раст.

Финансискиот систем е стабилен, со минимални системски ризици. Краткотрајната нестабилност предизвикана од домашните политички превирања во април и мај минатата година е целосно надмината, заклучи на денешната седница Комитетот за финансиска стабилност.

„Првпат од кризата, во последните осум години имаше пад на намалување на државниот и јавниот долг во релативен износ. Обезбедивме еврообврзница во најоптимално време и по најдобри можни услови, а според последните податоци враќањето на повратот на ДДВ кон фирмите се врши неселективно и брзо. Ако ги погледнете месеците јануари и февруари годинава, во однос на истите месеци минатата година, повратот на ДДВ е поголем за 1,4 милијарди денари или за 56 проценти. Тоа значи дека бргу се враќа ликвидноста во фирмите, тие да работат, имаат активност и да инвестираат“ - изјави Тевдовски.

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, вели дека ризиците во банкарскиот систем се минимални. Банките со својата висока капитализираност и ликвидност се стабилни и отпорни на шокови.

„Сето тоа упатува дека банкарскиот сектор е особено добро капитализиран, високо ликвиден и подготвен да ја поддржи македонската економија“ - изјави Богов.

Неоходно е, порача, да се врати довербата кај инвеститорите.

Слично

Поврзани вести