Тетовци десет години ги труе истата дива депонија
Проблемот со дивата депонија на влезот од Тетово се повеќе се усложнува. Граѓаните кои живеат во оваа околина мака мачат од смрдеата што се шири од огромните количини на разновиден отпад.
Поради обилните врнежи во овој регион, екипата на комуналното претпријатие не успеа навреме да го собере и транспортира отпадот. Од таму рекоа дека поради невремето одложена е постапката за дислокација на депонијата.
Ова не е прв пат оваа депонија да е преместувана од едно место на друго. Проблемот со дивиот отпад трае веќе десет години. Минатата локална власт само го дислоцира местото на отпадот, од железничката станица во Тетово.
Сегашната локална власт вети дека странски инвеститор ќе управува со комуналниот отпад, но пред да се избере најповолната понуда се прекина постапката.
Слично
