Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовско: Откриени и искорнати 3230 стебла “канабис сатива“

Тетовско: Откриени и искорнати 3230 стебла “канабис сатива“

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните активности за откривање и отстранување насади со „канабис сатива“. Така вчера на пет различни парцели во атарите на тетовските села Непроштено и Лешок, беа пронајдени и со соодветна судска наредба искорнати вкупно 3230 стебла канабис сатива, со големина од половина до два и пол метри.

Две од парцелите биле дополнително лоцирани при преглед на поширокото подрачје, истите биле земјоделски обработувани и засадени со пченка.

Во координација со јавен обвинител, пронајдените стебла „канабис сатива“ подигнати и донесени се во Секторот за внатрешни работи Тетово, а дел од нив ќе бидат испратени на вештачење.

Се превземаат активности за утврдување кои се сопствениците или закупците на двете обработувани парцели, но и кога и како изникнале пронајдените стебла на другите три локации.

Слично

Поврзани вести