Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовските ученици во извиднички камп во Истанбул се безбедни

Тетовските ученици во извиднички камп во Истанбул се безбедни

Околу 300 тетовски ученици кои минатата недела заминале во извиднички камп во околината на Истанбул, се безбедни.

Се очекува да пристигнат дома во најскоро време. Учениците се заминати во Турција преку Здружението за просвета уметност и култура „Калкан“ од Тетово. Тие во кампот за обидот за воениот удар дознале од медиумите.

„Сите се безбедни и здрави. Во контакт и во соработка сме со Министерството за надворешни работи на Македонија, македонската амбасада во Анкара и со федерацијата на извидници во Турција. Уште еднаш да повторам, сите се здрави и кај нив не владее никаква паника. Денеска беше планирано да се вратат дома и со поддршка на турската полиција ќе ја преминат границата и во текот на денешниот ден ќе пристигнат дома“ – изјави Џингис Дестани од здружението „Калкан“ од Тетово.

Во немирите во Турција нема повредени или загинати македонски државјани. И туристите кои се во оваа земја на одмор се безбедни.

Слично

Поврзани вести