Тетовските гимназијалци место на клупа на протест
Тетовските гимназијалци не го прошуштија стартот на новата учебна година и повторно излегоа на протест место да се вратат на школските клупи. Најреволтирани се учениците од македонските паралелки од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, кои заедно со родителите денеска излегоа на протест пред општинската зграда во Тетово.
Тие се незадоволни од просторните услови во кои учат за кои оценуваат дека се мизерни. Професорите кои предаваат на македонски јазик го поддржуваат протестот на учениците бидејќи и тие самите немаат соодветни услови за работа.
Проблемот е долготраен и оштина Тетово најави реконструкција на училишната зграда за што е издадена дозвола, но се чекало на инвестиција од Министерството за образование и наука.
Проблемот е долготраен и оштина Тетово најави реконструкција на училишната зграда за што е издадена дозвола, но се чекало на инвестиција од Министерството за образование и наука.
Слично
