Тетовскиот разгранок на ДУИ доби нов претседател – Реси Абдурамани
Реси Абдурамани денеска е избран за нов претседател на тетовскиот разгранок на ДУИ, освојувајќи 61 глас од вкупно 119 делегати.
Меѓу тројцата кандидати за кои гласаа делегатите беше и актуелната градоначалничка на Тетово Теута Арифи.
Абдурамани ја извршуваше функцијата секретар на тетовскиот разгранок на владејачката партија од албанскиот блок.
Имено, гласањето се одвиваше тајно и јавно во присуство на сите делегати. Џемаили освои 37 гласа, а Теута Арифи освои 21 глас, додека еден глас беше неважечки.
Абдурамани ги отфрли сите шпекулации дека имало судир помеѓу таканаречените воено и интелектуално крило.
(фото: утрински.мк)
Слично
