Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовски активисти на протест во Скопје: „Фабриките нè задушија!“

Тетовски активисти на протест во Скопје: „Фабриките нè задушија!“
Стотина активисти од Тетово со протест во Скопје побараа од Министерството за животна средина и просторно планирање да не дозволува пролонгирање на рокот до кој индустриските капацитети во тетовскиот регион мора да стават филтри и да обезбедат еколошки дозволи. „Тетово и понатаму останува град со најзагаден воздух во земјава. Еве и последниве 5 дена тетовци дишат воздух кој е двојно позагаден со ПМ 10 честички од дозволеното“, истакна Елена Мишевска од „Иницијативата Заедно против загадувањето на Тетово“. До истекот на крајниот рок за обезбедување интергрирани еколошки дозволи од компаниите има уште само 10-тина дена, но ресорното Министерство веќе најавува дека постои можност овој рок да се пролонгира за фабриките кои веќе отпочнале и се во напредна фаза на спроведување на еколошките стандарди. Со цел да го покажат размерот на загадувањето, активистите пред министерството изведоа и перформанс во кој дел од нив паднаа на земја, а со тоа симболично покажувајќи го ефектот на загадениот воздух врз здравјето на граѓаните, пишува Радио МОФ Иако протестот бил најавен, министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми не ги прими граѓаните, па тие своите барања му ги оставија во архивата на Министерството. Фото: Радио МОФ  
Слично

Поврзани вести