Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетово се гуши – Надлежните без најава на конкретни мерки  

Тетово се гуши – Надлежните без најава на конкретни мерки   
Тетово и викендов дише високо загаден воздух. Мерните единици за квалитетот на воздухот повторно го покажаа алармантното ниво на присуство на отровните ПМ10 честички во воздухот каде веќе шест дена  по ред се измерени превисоки средноевропски концентрации од 100 микрограми на метар кубен. За сега се уште нема никаков сигнал ниту најава дека надлежните ќе заседаваат и ќе разговараат за ваквото огромното загадување. Мерните единици за квалитетот на воздугот поставени во главниот град пак покажуваат дека присуството на ПМ10 суспендираните честички во воздухот е на средно ниво. Ниско ниво на загадување покажува и мерната станица Миладиновци. Загадувањето во Центар, Лисиче, Гази Баба е средно, односно присуството на ПМ10 честичките е на средно ниво. Ниско загадување на воздухот е регистрирано и во Кичево. Со цел да се намали загадувањето во македонската метропола од денеска ќе се редуцира и сообраќајот во градското подрачје. Оваа мерка предвидува до крајот на март товарниот сообраќај да се пренасочува преку обиколниците надвор од градската средина. Само превозниците на храна што подлежи на рокови или хуманитарна помош и медицински лекови ќе може да минуваат низа градските улици. Екологистите апелираат да се користи јавниот превоз.          
Слично

Поврзани вести