ТЕТОВО: Безживотно тело на младо момче најдено во штаб на ДУИ
Безживотно тело на младо момче е најдено утрово во штаб на ДУИ во Тетово.
Како што соопштија од МВР се работи за Хусеини Н, момчето било на возраст од 25 години и е најдено обесено во зградата на стариот „Телеком“ во која сега се сместени просториите на Изборниот штаб на ДУИ. Како што брифираат дел од медиумите младиот Хусеин имал нерасчистени долгови и работел како келнер во блиското кафуле.Во тек е истрага за случајот, а обдукцијата ќе покаже дали се работи за насилна смрт или самоубиство.
Слично
