Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовецот Рене Реџепи најдобриот ресторан во светот ќе го претвори во урбана фарма

Тетовецот Рене Реџепи најдобриот ресторан во светот ќе го претвори во урбана фарма

,,Добредојдовте во новата Нома”, вели тетовецот Рене Реџепи, кувар и сопственик на најдобриот ресторан во светот. На местото на неговиот познат ресторан тој планира да гради урбана фарма со автентична храна.

Локацијата во моментот е запуштена дупка со големина на аудиториум. Користени конзерви со боја се расфрлани среде парцелата, а ѕидовите се исцртани со графити.

F36C9D23FFBD474BA45E6DA53A96219C

Преземајќи голем ризик, тој планира да го затвори „Нома“ по последната услуга на новогодишната ноќ во 2016 година. Се надева дека повторно ќе го отвори за работа во 2017 година, со ново мени и нова мисија.

Логично е да се направи тука“, вели тој, и покрај спротивните визуелни докази. „Логично е да се има своја фарма, за ресторан од овој калибар.“

16NOMA2-articleLarge

Промените во „Нома“ не се поттикнати од потреба. Нема зголемување на киријата на оригиналната локација; бизнисот е активен. Реџепи едноставно верува дека ресторанот, каде што ја водеше кујната 12 години, е подготвен за драматична еволуција.

D59B2D2DAD2F9D4DBBC01351EE0388D2

Слично

Поврзани вести