Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовец се повредил паѓајќи од скеле

Тетовец се повредил паѓајќи од скеле

М.А. (21) од Тетово паднал од скеле високо околу седум метри, по што се здобил со тешки повреди на главата и телото.

Несреќата  се случила вчера и во 13.10 часот во полициската станица во Тетово го пријавил Ш.Н.(32) од село Џепчиште, сопственик на фирма за изведување на градежни работи на кровни конструкции со лим.

Тој пријавил дека од страна на М.А.(21) од Тетово, бил ангажиран да изведува градежни работи. Додека работеле на покривот на објектот, М.А. се качил на кровот за да ја надгледува нивната работа и во еден момент додека разговарал на мобилен телефон, од невнимание згазнал на стара лесонитна табла која се скршила, по што  паднал.

Повредениот со  возило на Брза помош бил пренесен во клиничката болница во Тетово и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите кои ги имал во пределот на главата и телото е префрлен во Ургентен Центар -Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.

Слично

Поврзани вести