Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовчанка почина на пораѓај, лекарот е суспендиран

Тетовчанка почина на пораѓај, лекарот е суспендиран

Триесет и три годишна родилка од Тетово, починала по породувањето, а нејзиното бебе е во критична состојба, пренесе НОВА.

Семејството верува дека таа починала од нестручно изведено породување и бараат да се казни виновникот.

Лекарот кој го изведувал породувањето моментално е суспендиран од работа, се додека трае истрагата за случајот.

Семејството на родилката во изјава за НОВА, ја раскажува драмата која се случувала во тетовската болница, ноќта меѓу 19 и 20 август.

Породувањето со царски рез започнало во 21 часот и траело до полноќ, но поради обилно крварење и компликации во 3 часот изутрината била направена уште една операција. По операцијата таа била префрлена на скопските клиники, каде уште еднаш ја оперирале.

Но, за жал таа починала по неколку дена поминати на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.

Бебето е префрлено на Клиниката за детски болести и е во критична состојба.

Семејството на починатата родилка случајот веднаш го пријавиле во полиција, а обвинителество покренало истрага.

Слично

Поврзани вести