Тетовчани немаат капка вода за пиење цел ден
Дел од тетовските населби немаат вода за пиење во текот на целиот ден. Граѓаните велат дека чешмите протекуваат само навечер, но секнуваат во различно време без да бидат информирани за тоа од Тетовското комунално претпријатие.
Градоничалничката Теута Арифи убедува дека за неполн месец ќе биде пуштен во употреба новиот водовод со кој ќе се реши овој проблем. Таа и Министерот за животна средина Нурхан Изаири велат дека изградбата на новиот водоснабдителен систем е 80 отсто завршена.
Сепак, водата ќе се користи во зависнот од нејзината чистота, се додека не се изгради пречистителна станица.
Слично
